Се очекуваше Томас Тухел да добие отказ во Баерн по поразот од Бохум за викендот, но тоа не се случи, меѓутоа тешко дека раководството ќе му прости уште еден неуспех.
Сепак, на баварците не им е лесно ниту да пронајдат негов наследник. Во јавноста сега се појави изненадувачка информација дека Оле Гунар Солскјер е една од опциите. Солскјер не се прослави во Манчестер Јунајтед и од кога замина од „Олд Трафорд“ е без ангажман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа се истакнува дека тој би потпишал договор на само три месеци, па потоа би се одлучувало дали ќе му биде продолжена соработката.
Медиумите во Германија потенцираат дека тој бил единствениот кандидат кој прифатил таков краткорочен договор. Помеѓу оние кои одбиле таква опција наводно биле: Зидан, Флик, Чаби Алонсо…со нив повторно би можело да се преговара на лето.
Ќе потсетиме, Баерн веќе е елиминиран од Купот на Германија, а во првенството заостанува зад Леверкузен осум бода. Не се баварците во идеална позиција и во Лигата на шампионите каде што во првиот натпревар од осминафиналето беа поразени од Лацио со 1:0.