Елиф Елмас го постигна шестиот гол во сезоната (тука), а Наполи протодолжи да победува и да чекори кон Скудетото.
За Наполи ова беше 19-та победа во 22-иот сезонски натпревар и така дојде чекор поблиску до Скудетото. Низ историјата Наполи двапати се радуваше на Скудетото и тоа во сезоната 1986/1987 и 1989/1990, во ерата на Диего Марадона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа со нетрпение се ичекува новиот пехар во Неапол, фановите веќе не се сомневаат во тоа, туку пресметуваат кога би можела да се случи потврдата за фантастичната сезона.
Интересно е што Наполи би можел да стане шампион против Фиорентина, токму против клубот од Фиренца во 1987 година, Наполитанците го прославија првото Скудето. Тој натпревар одигра на (10-ти мај заврши 1:1).
„Моето чувство е дека навивачите повќее не се прашуваат дали ќе го освојат Скудетото, туку кога ќе го освојат. Некои сметаат дека тоа може да се случи на натпреварот помеѓу Наполи и Фиорентина, исто како во 1987 година“, изјави новинарот на „Скај Спорт“, Масимо Уџолини кој е известувач од Неапол.