Изненадувачка информација поврзана со тимот на Раднички од Крагуевац и фудбалерот Матија Глушчевиќ.
Овој клуб успеа да избори настап во Европа, а потоа младиот фудбалер се најде на списокот на селекторот Стојковиќ за Европското првенство. Сега пристигнува вест дека Арсенал го следи Глушчевиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Информацијата ја објави порталот „Fussballeuropa“, а ако им се верува, покрај Арсенал тој е на радарот на клубови и од шпанската Примера.
Се пишува дека скаутот на Арсенал на мечот од Суперлигата меѓу Црвена звезда и Раднички дошол исклучиво за да го види на дело 19-годишниот Глушчевиќ, кој важи за еден од најбрзите играчи во Србија.
Што се однесува до Шпанците, станува збор за Севиља и Бетис, неговата иднина се очекува да се решава по Европското првенство, секако ако се најде на конечниот список патници.