Фудбалерите на Интер поголемиот дел од припремите за новата сезона ќе ги одработат во далечната Кина каде што ќе учествуваат на Интернационалниот куп.
Интер минатата недела ги започна припремите и неколку тренинзи одработија во својот тренинг центар, а сега следи пат за Кина каде што избраниците на Антонио Конте ќе одработат поголем дел од припремите за новата сезона.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Играчкиот кадар на Интер се уште не е „заклучен“ и се очекуваат нови имиња, но и заминувања. Едно е сигурно, а тоа е дека во наредната сезона во тимот нема да биде Мауро Икарди. Постои шанса и да биде, меѓутоа тешко дека ќе го видиме на теренот.
Конте одлучи да го отпише Икарди и јасно му порача дека може да бара нов клуб. Истото го направи и со Раџа Наинголан, сепак со Белгиецот сега се премисли.
Навивачите на Интер протестираа затоа што Наинголан заврши на трансфер листата и очигледно го натераа Конте да размисли. Белгиецот веројатно ќе остане затоа што се најде на списокот на играчи кои ќе патуваат во Кина, додека Икарди ја немаше таа среќа.
Играчите на Интер кои ќе патуваат во Кина: Берни, Хандановиќ, Падели; Бастони, Д’Амбросио, Далберт, Де Фрај, Ранокија, Скриниар, Нтубе, Пирола, Агоума, Барела, Борха Валеро, Брозовиќ, Кандрева, Гаљардини, Жоао Марио, Лазаро, Наинголан, Перишиќ, Сенси; Лонго, Политано, Колидо, Еспосито и Вергани. Лаутаро Мартинез ќе им се приклучи подоцна бидејќи се уште е на одмор поради обврските кои ги имаше за Аргентина на Копа Америка.