Денес на тренингот на Арсенал се појави добро познато лице кое внесе оптимизам кај фановите на Арсенал.
Чилеанецот, Алексис Санчез и покрај големите најави за трансфер во ПСЖ денес им се приклучи на своите соиграчи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Санчез веднаш после пристигнувањето сподели фотографија на својот Инстаграм профил, под која напиша „враќање во Лондон“.
Неколку часа подоцна, Санчез присуствуваше и на првиот тренинг на Арсенал со што ја врати надежта кај навивачите дека можеби ќе остане во клубот.
Сепак, многумина сметаат дека таквиот расплет е многу малку веројатен бидејќи Санчез има големи понуди од Манчестер Сити и ПСЖ, а покрај тоа позната е и неговата желба да игра во Лигата на шампионите.
Look who's back in training ?#ElNinoMaravilla ?? pic.twitter.com/JZH79l2Di6
— Arsenal FC (@Arsenal) August 1, 2017