Дома Фудбал Англија На Јунајтед ништо не му оди, па ниту корнерите: Видовте ли каков корнер изведе Јанг?

На Јунајтед ништо не му оди, па ниту корнерите: Видовте ли каков корнер изведе Јанг?

Манчестер Јунајтед вчера доживеа нов пораз и тоа на гостувањето кај Вест Хем, каде што беа поразени 3:1.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во многу тешка ситуација на почетокот на новата сезона, бидејќи покрај лошите резултати и атмосферата во екипата е многу лоша. Тоа вчера можеше да се забележи и на натпреварот против Вест Хем, каде што на Јунајтед ништо не му одеше како што замислија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најдобар показател е корнерот кој во второто полувреме го изведе Ешли Јанг на резултат 1:0 за домашната екипа. Наместо неговиот центаршут да биде опаснот за Вест Хем, на крајот му направи проблем на својот тим.

Јанг го намести во контра домашниот тим, бидејќи топката му ја додаде на Нобл, а на крајот Арнаутовиќ беше во прилика да го совлада Де Геа, но за среќа на Јанг лошо шутираше. Сепак, корнерот на фудбалерот на Јунајтед веднаш стана хит на интернетот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …