Дома Трансфер зона На Челзи не му се чека – Интер и Лукаку добија ултиматум!

На Челзи не му се чека – Интер и Лукаку добија ултиматум!

Во наредните денови, би можела да заврши сагата околу евентуалниот трансфер на Ромелу Лукаку.

Според последните информации од Островот, „сините“ му порачале на белгискиот напаѓач да не доаѓа на подготовките додека траат преговорите со Интер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Интер добил ултиматум во наредните пет дена да го купи фудбалерот, ако тоа не се случи наводно веќе нема да има преговори и Лукаку ќе остане во Челзи.

Истото важи за останатите клубови кои сакаат да го доведат, со Лукаку претходно се поврзуваше и Јувентус.

Во понеделник тој треба да се врати во Челзи, но не е познато дали ќе биде со остатокот од тимот на турнеата во САД или ќе тренира со оние кои ќе останат во Лондон. Информациите се дека Челзи за неговите услуги бара сума од 30 милиони евра, плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…