Навивачите на Нант не ја губат надежта и веруваат дека нивниот миленик кој направи трансфер во Кардиф, Емилијано Сала е се уште жив.
Вчера полицијата објави дека поради минималните шанси за преживување во екстремните услови ја прекинува потрагата по Сала кој се бараше три дена.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Но, во спортскиот свет и понатаму преовладува надежта дека Сала и пилотот можеби се живи.
За неполни 24 часа повеќе од 40.000 фанови ја потпишале петицијата за потрагата по Сала да продолжи.
Претходно и неговата сестра во потресна исповед молеше потрагата да продолжи.
Ќе потсетиме авионот со кој леташе Сала исчезна во понеделникот околу 20:00 часот над водите на Ламанш.