Дома Македонски спорт Мак фудбал На повидок скандал: Македонија Ѓорче Петров под истрага на УЕФА за местење натпревари!

На повидок скандал: Македонија Ѓорче Петров под истрага на УЕФА за местење натпревари!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори истрага за можен наместен натпревар на Македонија Ѓорче Петров во рамките од Конференциската лига.

Македонија Ѓорче Петров беше поразена од летонската РФС Лига со 4:1 во еден од двата натпревари и тој натпревар е под истрага.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во согласност со својата долгогодишна практика УЕФА се воздржува од коментирање на истрагите, па дури и од постоење потенцијални истраги за наводно местење натпревари. Целта е да не се компромитираат истражните процес.

Во однос на активностите против местење натпревари на национално ниво УЕФА обезбедува широк спектар на експертиза на своите национални асоцијации и посебно за својата мрежа службеници за интегритет“, објави Европската куќа на фудбалот.

Претходно за овој натпревар сомневање изразија полски медиуми објавувајќи дека била забележана уплата од 250.000 евра во 35. минута дека до крајот на полувремето ќе падната два гола, во тој момент резултатот беше 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…