Дома Топ вести На повидок сензација, Погба се сели во Манчестер Сити

На повидок сензација, Погба се сели во Манчестер Сити

Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека Пол Погба би можел да се пресели во редовите на градскиот ривал.

Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезоната и јасно е дека ќе го напушти клубот како слободен агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ПСЖ и Јувентус од поодамна покажуваат интерес за Французинот, а сега на големо изненадување во трката за неговиот потопис се вклучи и Манчестер Сити.

Гвардиола сака квалитетно засилување за средниот ред и верува дека Погба идеално би се вклопил во неговиот тим.

Според англискиот медиум, Манчестер Сити е подготвен да му понуди на Погба четиригодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Тоа би било „предавство“ на деценијата, па останува да видиме дали Французинот ќе ја прифати понудата на „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…