Дома Топ вести На повидок „ВОЈНА“ – Нејмар спрема тужба против Барса!

На повидок „ВОЈНА“ – Нејмар спрема тужба против Барса!

Можеби и очекуван исход после начинот на кој се разделија…

Имено, каталонскиот клуб соопшти дека нема да му плати на Нејмар 26 милиони поради „лојалност“ кон Барса, ставка која стоеше како клазула во новиот договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одредбата во договорот е јасна, Барса потпиша дека ќе му плати на Нејмар дополнителни 26 милиони евра за лојалност доколку остане во клубот до 31 јули 2017 година.

Таткото на Нејмар кој е и негов агент постапи правилно го почека почетокот на август за да го финализира; трансферот во ПСЖ и да земе од Барса дополнителни 26 милиони од договорот.

Тој во разговор за каталонските медиуми откри дека до последен момент бил на страната на Барса и сакал Нејмар да одлучи да остане, но тоа се променило кога клубот одбил да му ги плати споменатите 26 милиони.

„Барселона во тој момент ја изгуби мојата поддршка. Во моментот кога кажаа дека не сакаат да ја исплатат сумата од договорот. До тогаш бев на страната на Барса и сакав клубот да успее во намерата да го убеди Нејмар да остане. Но, после нивната постапка, едноставно повеќе не можев да бидам со нив, бидејќи договорот е јасен“, изјави Нејмар сениор.

Барселона верува дека во судот може да докаже дека не мора да ја исплати оваа сума, па Нејмар очекувано спреми тужба.

Сеуште не е познато, на која основа Барселона ќе ја брани својата одлука, но јасно е дека работата ќе се решава на суд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…