Ливерпул го обезбеди трансферот на Доминик Шобослаи од Лајпциг, 22-годишниот фудбалер пристигнува за сума од 70 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клазула.
Англискиот „Гоал“ веќе го анализираше овој трансфер и оцени дека станува збор за фантастично засилување за Клоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Уште една фантастична работа во борбата за трофеи. Беше многу јасно дека Ливерпул мора да го обнови целиот среден ред и се на одличен пат да го направат токму тоа. Го доведоа Мекалистер и активираа клазула на уште еден играч кој би требало да напредува во наредните години“.
„Шобослаи би требало да прикаже колку е идеален играч за филозофијата на Јирген Клоп. Ова е и неверојатна прилика за него да се развие во играч од средниот ред кој е светска класа“, истакнува „Гоал“.