Дома Фудбал Англија На Олд Трафорд стигнува спектакуларна понуда за Пол Погба

На Олд Трафорд стигнува спектакуларна понуда за Пол Погба

Пол Погба зад себе има сезона за заборав. Французинот освен краткиот блесок поголемиот дел од сезоната ја одигра лошо.

Погба изминатите месеци константно се поврзува со заминување од Олд Трафорд. Реал Мадрид се споменува како негова следна дестинација, но според тврдењето на италијански Тутоспорт на адреса на Црвените ѓаволи наскоро може да стигне огромна понуда.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Не се работи за понуда од Реал, туку за понуда од нивниот најголем ривал Барселона, која наводно спрема неверојатни 150 милиони евра за репрезентативецот на Франција.

За да имаат доволно пари за трансферот на Погба, Каталонците наводно се спремни да го продадат Иван Ракитиќ и на тој начин ќе направат простор за доаѓање на Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тежок удар за Бразил пред натпреварот со Франција и Хрватска

Првиот голман на бразилската фудбалска репрезентација Алисон Бекер поради повреда ќе ги пр…