Дома Трансфер зона На „Олд Трафорд“ се надеваат да добијат 30 милиони за играчи кои ги платија 70 милиони

На „Олд Трафорд“ се надеваат да добијат 30 милиони за играчи кои ги платија 70 милиони

Манчестер Јунајтед се надева дека ќе добие вкупно 30 милиони фунти за Ентони Марсијал и Ерик Баји, кои не се во плановите на менаџерот Ерик Тен Хаг.

Ова е повеќе од двојно помалку од сумата што клубот ја потрошил при привлекувањето на дотичните играчи. „Црвените ѓаволи“ за Марсијал во 2015 година платија 38,5 милиони фунти, а со сите бонуси неговиот трансфер би можел да достигне 60 милиони.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Французинот има уште двегодишен договор со клубот, но од „Олд Трафорд“ сакаат да се ослободат од неговата висока плата која е 240.000 фунти неделно.

Проблемот е што засега нема сериозни понуди за него и од понеделник ќе почне да тренира со Манчестер Јунајтед.

Ерик Баји беше платен 30 милиони фунти од Виљареал во 2016 година. Сега клубот е подготвен да се раздели со него за само 8,5 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …