Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО На натпреварите од ЕП во Букурешт ќе има 13.000 гледачи, но…

На натпреварите од ЕП во Букурешт ќе има 13.000 гледачи, но…

Министерството за спорт на Романија денес донесе важни одлуки за натпреварите од Европското првенство.

Македонија два натпревари, против Украина и Австрија, ќе ги одигра во Букурешт, а денес беше одлучено на трибините да бидаѕ допуштени 13.000 гледачи, односно 25 отсто од капацитетот на Националната Арена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Секој навивач кој ќе сака да влезе на трибините, ќе треба да достави доказ дека не е инфициран со коронавирус, или дека примил вакцина.

Меѓутоа, за македонските навивачи патувањето во Романија ќе биде комплицирано, бидејќи секој странски навивач не може да се задржува повеќе од 48 часа во Романија.

УЕФА допрва треба да реши колку Македонија ќе добие билети за двата меча од овие 13.000 што се на располагање.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Енцо Фернандез сака да си замине, познато е и каде?!

Енцо Фернандез смета дека летото 2026 година е идеален момент за да го напушти Челси. Токм…