Тоа ќе биде четврти меч помеѓу најдобрите фудбалски репрезентации на Македонија и Италија.
Првиот меч се одигра во рамките од квалификациите за Светското првенство 2018, на 9 октомври 2016 година кога на нашиот најголем стадион со тесен резултат 2:3 триумфираа Италијанците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш поведоа Аѕурите во 24 минута преку Андреа Белоти, потоа во вториот дел за две минути направивме пресврт за 2:1 со головите на Илија Несторовски (57`) и Ферхан Хасани (59`). Ривалите успеаја да израмнат во 75 минута благодарение на Чиро Имобиле, а истиот играч во 90 минута го постави конечниот епилог.
Во истиот квалификациски циклус вториот меѓусебен дуел се одигра на 6 октомври 2017 година, во Торино нашите најдобри фудбалери одиграа нерешено 1:1.
Џорџо Кјелини се погрижи за водство на Италија во 40 минута, а реми донесе Александар Трајковски во 64 минута.
Третиот дуел беше во рамките од плеј-офот за пласман на Мундијалот во Катар, на 24 март 2022 година во Палермо Македонија оствари историски триумф (1:0) со прекрасниот гол на Трајковски во судиското надополнување.