Дома Фудбал Останато На Европското првенство ќе играат најмногу играчи од Премиер лигата

На Европското првенство ќе играат најмногу играчи од Премиер лигата

Во изминатата сезона англиските клубови играа во финалето од Лигата на шампионите, додека Манчестер Јунајтед беше финалист во Лига Европа, па после една таква сезона можеби е и очекувано што Премиер лигата има најмногу претставници на Европското првенство.

На Европското првенство ќе играат 118 играчи кои во овој момент играат во клубови од Премиер лигата, меѓу нив секако и е нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Зад Премиер лигата следи Бундеслигата со 90 играчи, па Серија А со 70 претставници.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во топ 5 се уште Ла Лига со 39 и руската Премиер лига со 32 фудбалери.

Ќе потсетиме Европското првенство стартува во петок со натпреварот Турција – Италија, ние нашиот прв натпревар го играме во недела против Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ се вклучи во трката за Душан Влаховиќ!?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел во текот на летото да ја промени средината, а как…