УЕФА ќе донесе конечна одлука на 20 април за формата за допуштање на фанови на Европското првенство.
Тоа го соопшти денес претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој се надева дека ќе може да биде дозволено да се наполни 50% од капацитетот на стадионите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Определивме краен рок од 20-ти април за конечна одлука што се однесува до фановите на ЕП. Идеалното сценарио е турнирот да се одигра на 12 стадиони, но ако тоа не е можно, тогаш ќе се игра во 10 држави“, истакна Чеферин.
Организаторите на Европското првенство ќе разгледуваат три сценарија – капацитет од 50, 30 или 20% од максималниот капацитет, како и одигрување на натпреварите без публика.
Македонија како учесник на ЕП натпреварите ќе ги игра во Букурепт и Амстердам, па наскоро ќе дознаеме дали ќе има фанови на трибините.