ФК Варда објави дека Мухамед Туркмен е избран за нов претседател за фудбалски развој во ФК Вардар на кој што му се доверуваат идните стратегиски планови додека останатата структура во клубот останува непроменета.
Мухамед Туркмен е роден во 1986 година во Орду и студиите ги завршува на Факултетот за спортски науки на Универзитетот Мармара со значителен успех. Во својата кариера има настапувано за Фенербахче и Анкарачугу и уште неколку тимови во Турција како и за сите младински категории на Турција. По завршувањето на активната кариера започнува како помошник тренер на Јилмаз Вурал, а подоцна како аналитичар и скаут со УЕФА А лиценца со која што се стекнува со големо искуство во развојот на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што најавивме клубот има план да ги оствари зацртаните идни цели за кои што мора да има финансиски стабилна конструкција и стратегија за одржлив развој на нашиот клуб. Поради оваа причина, новиот претседател најавува дека сите финансиски планови и зацртани цели за стабилност на клубот кои се подготвени и предвидени ќе стапат на сила со новиот стил на управување на клубот кој што го најавивме во изминатиот период.
Плановите за наредната сезона се враќање во првата лига и борба за трофејот во Купот на Македонија додека на среден рок плановите се освојување на титулата и излез на европската сцена.
На долг рок работата со младинските категории и произведување на врвни таленти се најголемиот приоритет, како еден од предусловите за одржлив раст и светла иднина на нашиот клуб.
„Како што најавивме претходно, во пресрет на наредната сезона направивме организациско преструктурирање во работењето на клубот по примерот на европските клубови со доведувањето на професионалец како Мухамед Туркмен во нашиот клуб. Сопственичката структура останува непроменета и јас како што ветив останувам како сопственик на клубот во наредната успешна ера која што ја најавивме за ФК Вардар.
Во наредниот период ќе имаме пресконференција на која што ќе го претставиме новиот претседател и новиот управен одбор како и спонзорите кои што ќе помогнат да го вратиме Вардар на местото каде што припаѓа, а тоа е секогаш на врвот.
Грешките од минатата сезона сакаме да ги поправиме и да најавиме дека со новите промени во Вардар, со ангажирање на вистинските луѓе Вардар ќе го направиме во европски стил кој што ќе биде финансиски стабилен и успешен како и до сега.
Ќе се врати Вардар посилен како никогаш, бидејќи Вардар е душата на Македонија, бил и секогаш ќе остане“, изјави Слободан Крстевски, претседателот на Вардар.