Дома Македонски спорт Мак фудбал Муслиу повторно во идеалниот тим во третата германска лига

Муслиу повторно во идеалниот тим во третата германска лига

По вторпат во три кола македонскиот репрезентативец Висар Муслиу се најде во идеалниот тим во германската 3. лига.

Муслиу доби место во тимот во избор на реномираниот „Кикерс“. Од почетокот на сезоната Муслиу игра одлично за својот тим, а претходно се најде во тимот на колото кога неговиот тим одигра 0:0 против Цвикау пред две кола. Во ова коло Инглоштад славеше со 3:1 против Мепен.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Инглоштад има амбиции за експресно враќање во вториот ранг на германскиот фудбал, а во овој момент се наоѓа на четвртото место со 22 освоени бодови. Треба да се спомене дека Инглоштад ја има најдобрата одбрана во тимот со девет примени гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Скандал: Навивачите на Шкендија наместо минута молк во Тетово, пееја песна за УЧК(видео)

На денешниот натпревар помеѓу Шкендија и Брера видовме скандалозно однесување на домашните…