Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо: Што им кажав на играчите? Почекајте и купете го филмот (ВИДЕО)

Мурињо: Што им кажав на играчите? Почекајте и купете го филмот (ВИДЕО)

Жозе Мурињо имаше успешно деби на клупата на Тотенхем во Лигата на шампионите.

Натпреварот против Олимпијакос лошо започна за Тотенхем бидејќи гостите водеа со 0:2 после 20 минути игра. До крајот на полувремето „петлите“ постигнаа еден гол, а во второто уште три за конечни 4:2.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После натпреварот новинарите ги интересираше што им кажал Мурињо на фудбалерите во соблекувалната, меѓутоа Жозе одговори во свој стил.

„Мислам дека ако почекате неколку месеци и го купите филмот на Амазон ќе дознаете…Но морав да бидам нешто нешто по мека верзија од себе“, одговори Мурињо.

Инаку, веќе некое време камери ги следат случувањата во Тотенхем и во продукција на Амазон се снима документарец за лондонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фирмино ја освои Лигата на шампиони во Азија, па го крена сидрото: Познато е името на новиот клуб

Бразилскиот напаѓач, Роберто Фирмино, наскоро ќе биде претставен во новиот клуб. Ќе ја нап…