Португалските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо е спремен да плати 30 милиони евра за младата ѕвезда на Бенфика и голема надеж на португалскиот фудбал, Гонзало Гуедеш.
Во Португалија Гуедеш веќе го доби епитетот „новиот Роналдо“, а Жозе Мурињо е воодушевен од неговите квалитети и е спремен да плати 30 милиони евра.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Специјалниот“ смета дека 20-годишниот крилен напаѓач би бил идеална замена за Депај на „Олд Трафорд“ и инвестиција за иднината.
Медиумите тврдат дека агентот Жорге Мендеш, кој ги застапува и Мурињо и Гуедеш веќе го убедил претседателот на Бенфика да ја прифати понудата и само прашање на време е кога ќе се реализира трансферот.