Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека „граѓаните“ сигурно ќе завршат во Топ 4 на крајот од сезоната, а дека неговиот тим ќе се бори со Ливерпул и Арсенал.
Во моментов клубовите од Манчестер се на четвртото и петото место на табелата, на само два бода од Ливерпул, кој има и меч повеќе.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Мислам дека Манчестер Сити ќе заврши во Топ 4. Натпреварите кои им остануваат до крајот го укажуваат тоа. Мислам дека ние, Арсенал и Ливерпул ќе се обидеме да го обезнедиме другото место кое води во ЛШ“, смета „Специјалниот“.
„Меѓутоа вистината е дека ние играме полуфинале во Лига Европа и имаме многу повредени играчи. Сепак, ние ќе се бориме се додека имаме математички шанси“, додаде Мурињо.