Дома Фудбал Останато Мурињо се отвори: Погба кога играле против Барнли навистина претерал!

Мурињо се отвори: Погба кога играле против Барнли навистина претерал!

Нови „сочни“детали за нивниот однос.

Maндатот на Мурињо во Манчестер Јунајтед не заврши добро, Португалецот доби отказ во декември месец поради лошите резултати и лошата атмосфера во соблекувалната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Постојат инофмрации дека овие втори наведени проблеми и замерувањето на Погба му пресудиле на Мурињо.

Мурињо на Французинот му ја зема должноста заменик капитен во текот на септември месец. Португалецот знаел дека во таборот на англискиот клуб се на страната на Погба.

„Знаев дека ми следи одмор ако не ја смирам ситуацијата, меѓутоа претеруваше. Игравме против Барнли на гости и Погба ме праша дали може после натпреварот дома да се врати со свој автомобил, а не со клупскиот автобус. Му кажав дека тоа не е логично бидејќи сме одалечени 30-тина километри од Манчестер и такво барање нема никаква смисла. Можеше да се забележи дека е вознемирен“.

„Победивме на натпреварот и повторно ме праша дали може сам да се врати дома. Бев среќен и му реков да тргне со нас со автобусот и тој после десет минути се јави на неговиот шофер да го земе. Отидов на пре-конференцијата и кога дојдов во тимскиот автобус видов на паркингот нов Ролф-Ројс со шофер како ја чека неговата екселенција. Како да се носам со тоа?“.

„Да му кажам дека не може да влезе во автомобилот или дека може да оди само кога сум јас среќен. Или решете го ова на друг начин и испратете ме на одмор“, ја сподели Мурињо својата приказна на семинарот во Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…