Додека Мурињо беше во Манчестер Јунајтед Пол Сколс беше еден од неговите најжестоки критичари.
Мурињо во Манчестер Јунајтед заработи отказ пред околу еден месец, него го наследи Оле Гунар Солскјер и од тој момент „црвените ѓаволи“ како да се препородија и имаат шест победи во низа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Сколс тврди дека Мурињо и посакувал да добие отказ во Манчестер Јунајтед.
„Ако мене ме прашувате, мислам дека Мурињо не ни сакаше остане. Убеден сум дека се направи за намерно да добие отказ и така да си ја наплати големата оштета од договорот“, изјави Сколс, кој потоа и изнесе според него факти.
„Прес-конференциите му беа толку срамни и негативни. Цел свет знаеше дека е непосакуван во соблекувалната. Најмногу бев зачуден кога слушнав дека се скарал со Антонио Валенсија. Тој е еден од најмирните фудбалери кои ги познавам. Со него играв повеќе години и да се скараш со Антонио Валенсија ми изгледаше како нешто најтешко во светот“, смета легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.