Мурињо во изминатите години донесе двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед во Рома, а сега сака да ја продолжи традицијата.
Имено, „Специјалниот“ е силно заинтресиран за потписот на Скот Мектоминеј, тврдат медиумите на Островот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мектоминеј го загуби стартното место во составот на „црвените ѓаволи“ минатата сезона по доаѓањето на Ерик тен Хаг.
Со доаѓањето на Мејсон Маунт неговата минутажа додатно ќе се намали, па Манчестер Јунајтед го стави на трансфер листа.
За него интерес покажуваат уште Њукасл и Вест Хем, но Мурињо сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе во Рома