Дома Фудбал Мурињо одлучи кој голман ќе брани во финалето од ЛЕ

Мурињо одлучи кој голман ќе брани во финалето од ЛЕ

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во финалето од Лигата на Европа откако беа подобри во двата натпревари против Селта Виго.

Избраниците на Жозе Мурињо во двата натпревари славеа со вкупни 2:1 и така се пласираа во финалето од ЛЕ каде што силите ќе ги одмерат против Ајакс. Во ова натрпеварување на голот на „Црвените ѓаволи“ беше Серхио Ромеро, а многумина се прашуваа дали Мурињо во финалето ќе оди на сигурно, односно на голот да го стави Давид Де Геа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Поргугалскиот стратег не сакаше да го избегне одговорот на ова прашање, па јасно кажа дека нема причина тоа да му го стори на Ромеро, кој целото натпреварувања беше прв избор.

„За мене нема сомнежи. Имам двајца фантастични голмани. Доколку се оди по планот, на голот во финалето ќе биде Ромеро. Нема никаква смисла да го оставам на клупата, кога бранеше на сите натпревари“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Питер Руфај (61), легендарниот голман на Нигерија и икона на Панини

Африканските медиуми вчера информираа дека почина Питер Руфај, една од најпознатите голман…