Манчестер Сити со фантастична супериорност ги руши сите рекорди.
Ако се види јавното мислење, многумина се убедели дека англискиот прволигаш веќе се закити со шампионската титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дури и Жозе Мурињо призна дека битката за титулата веројатно е завршена.
„Мислам дека е готово. Манчестер Сити е одличен, среќата е на нивна страна. И боговите на фудбалот се со него“, малку иронично истакна стратегот на второпласираниот Манчестер Јунајтед кој зад градскиот ривал е (не)достижни 11 бодови.
Зошто иронично? Затоа што харизматичниот португалски тренер е одлучен во намерата на долги стази да ја пресече новонастанатата доминација на Манчестер Сити, како и успешноста на неговиот омразен колега, Пеп Гвардиола.
Покрај Антоан Гризман, Жозе Мурињо ги убеди своите надредени дека на најстрофејниот клуб му е потребен Пауло Дибала.
Островските медиуми, еден по друг, јавуваат дека раководството на Манчестер Јунајтед ја послушало молбата на шефот на стручниот штаб и за младиот напаѓач на Јувентус, за кои се подготвени да понудат 180 милиони евра.
Дибала има договор со „Старата дама“ до јуни 2022. година. Моментално на пазарот вреди 70 милиони евра, а редот на купувачите секој ден е се подолг. Во Јувентус пристигна од Палермо во летото 2015. година за 40 милиони евра. Во дресот на торинскиот клуб одигра во 117 службени настапи и притоа постигна 56 погодоци.
Man Utd boss Mourinho encouraged to go for Juventus striker Dybala
Former Manchester United midfielder … pic.twitter.com/oe6QOjfZfG
— Excess Sport (@excesssport) December 14, 2017