Италијанските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед испратил официјална понуда за дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ.
Според извештаите од Апенините, Фиорентина тешко ќе може да ја одбие понудата, бидејќи „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 60 милиони евра за српскиот репрезентативец.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Миленковиќ се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и Јувентус во летниот преоден рок беше спремен да понуди 40 милиони евра.
За Миленковиќ се заинтересирани уште Атлетико Мадрид и Тотенхем, па Мурињо сака да ја победи конкуренцијата и што е можно побрзо да го договори трансферот.
Доколку овој трансфер се реализира, Србинот ќе стане еден од најскапите дефанзивци во историјата на фудбалот.
https://youtu.be/dtXHkrHB1Q8