Дома Фудбал Англија Мурињо ништо не остава туку-така: Одличниот играч е пред потпишување на нов договор?

Мурињо ништо не остава туку-така: Одличниот играч е пред потпишување на нов договор?

Како што јавува „Daily Star“, одличниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард е пред потпишување на нов договор.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор пред само единаесет месеци, а сега би можел да добие нов, уште подобар во кој неговата плата би требало од 75,000 фунти да скокне на 100,000 фунти. Жозе Мурињо е импресиониран од Лингард оваа сезона и инсистира Лигард да добие нов договор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


25-годишниот англиски репрезентативец од своите седум години е во Манчестер Јунајтед. Оваа сезона има постигнато 13 гола и 5 асистенции во 37 одиграни натпревари. Вреди да се напомене дека доби повик за претстојните пријателски натпревари на Англиската репрезентација.

Сигурно дека „Црвените ѓаволи“ на овој начин сакаат да бидат сигурни со Лингард, бидејќи многу екипи на лето ќе тргнат по одличниот играч. Арсенал е прв во редот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Не се заборава: Помина 21 година откако Ибрахимовиќ го постгна еден од најдобрите голови во историјата на фудбалот

Златан Ибрахимовиќ, легендарниот шведски фудбалер, денеска одбележува 21 година откако усп…