Дома Фудбал Англија Мурињо: Натпреварот со Брентфорд е најважен од кога сум во Тотенхем

Мурињо: Натпреварот со Брентфорд е најважен од кога сум во Тотенхем

Жозе Мурињо изјави дека натпреварот против Брентфорд во полуфиналето од Карабао Купот е негов најважен од кога е во Тотенхем.

Тотенхем последниот трофеј го освои во 2008 година кога Ледли Кинг и Роби Кин погодуваа Против Челзи (2:1) во Карабао Купот кој тогаш го носеше името Лига Куп.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислам дека ова е најважниот натпревар од кога сум во Тотенхем. Гледајќи од преспектива дека клубот долго време не освоил ништо. Единствен натпревар кој е поважен од полуфинале е финале“, изјави Мурињо кој во Тотенхем пристигна во ноември 2019 година.

Мурињо е свесен колку освојувањето на Карабао Купот може да биде важно за сите во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tудор претставен во Тотенхем, еве и што порача!

Тотенхем го претстави Игор Тудор како ново тренерско решение до крајот на сезоната преку о…