Дома Фудбал Англија Мурињо им плаќа на шпанските власти за да не оди во затвор

Мурињо им плаќа на шпанските власти за да не оди во затвор

Шпанските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ќе се спаси од едногодишна затворска казна, бидејќи се согласил да плати 800.000 евра на шпанските даночни власти.

Според „Мундо Депортиво“, Мурињо се договорил со шпанските власти, кои го испитуваат за затаени даноци и дури покренаа обвинение против него.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Португалецот добил 3,3 милиони евра за сезона 2011/12 за користење на имиџ правата и го сокрил овој факт, во времето кога беше на клупата на Реал Мадрид.

Медиумите потсетија дека во 2015 година Мурињо платил 4,5 милиони евра за затајување данок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Играчот на Челзи од 100 милиони се подготвува за судење, го повикал адвокатот на Погба

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) потврди дека е покрената дисциплинска постапка про…