Дома Фудбал Англија Мурињо за иднината на Ибра: Не ме интересира!

Мурињо за иднината на Ибра: Не ме интересира!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не сакаше да зборува за иднината на Златан Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“, особено не сега пред операцијата на коленото.

Ибрахимовиќ доживеа повреда на коленото на мечот со Андрлехт и од тогаш постојано се зборува за неговата кариера, каде и дали воопшто ќе продолжи да игра.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ибра во наредните неколку дена ќе оди на операција во САД, а самиот тој потврди дека ова не е крај на неговата кариера и дека ќе се врати посилен на терените.

„Не знам. Не сакам да знам. Не сум заинтересиран да зборувам за тоа. Само сакам операцијата да помине без проблеми. Веруваме дека е во сигурни раце и дека брзо ќе се опорави и ментално ќе се спреми за следниот чекор“, изјави Мурињо.

„Мислам дека тој следен чекор ќе биде она што го сака тој, а истото тоа го говорев и пред повредата. Секогаш сакам играчите да бидат среќни, а да се зборува каква ќе биде иднината на Ибра пред оваа операција е чисто губење време“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ одиграл повеќе од 50% од натпреварите во историјата на Хрватска

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ вчера го одигра својот 182 натпревар за Х…