Жозе Мурињо е еден од фаворитите за преземање на кормилото на Њукасл, после заминувањето на Рафа Бенитез, пренесуваат медиумите на Островот.
Рафа Бенитез помина три ипол години на Сент Џејмс Парк и му помогна да се врати во Премиер лигата, а минатата сезона заврши како 13. пласирана екипа во лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според букмејкерите најголеми шанси да седне на празното столче има токму Жозе Мурињо, кој е без клуб откако доби отказ во Манчестер Јунајтед.
Втор фаворит е актуелниот помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, Микел Артета.
Шпанецот пред извесно време беше сметан и за наследник на Венгер на кормилото на Арсенал, но реши да остане во тимот на Гвардиола.
Њукасл објави дека процесот за избор на нов тренер е веќе започнат, а покрај споменатите двајца, на листата се уште Алан Пердју и Крис Хатон.