Италијанските медиуми пренесуваат дека Мурињо е силно заинтересиран за десниот бек на Манчестер Јунајтед, Диого Далот.
Далот минатата сезона ја помина на позајмица во Милан, одигра солидно и се врати на „Олд Трафорд“, но не добива голема минутажа.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Португалецот сака да ја промени средината, а Јунајтед е спремен да го пушти во јануари, па Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација.
Мурињо е во потрага по квалитетен десен бек па е спремен да понуди 1,5 милион за позајмица на Далот со право на откуп за додатни 15 милиони евра.
Преговорите се веќе започнати, па се очекува Далот во јануари да се врати во Серија А во дресот на Рома.