Дома Трансфер зона Мурињо го носи Ван Бисака во Рим

Мурињо го носи Ван Бисака во Рим

Рома е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг нема да смета на Ван Бисака и му порачал да си бара нов клуб, а Рома сака да ја искористи таквата ситуација.

Мурињо одлично го познава Англичанецот и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим, но проблем е што Манчестер Јунајтед за неговата слобода бара 30 милиони евра

Рома сака да го донесе десниот бек на едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето за 20 милиони евра.

Мурињо веќе имал разговор со 24-годишниот англиски репрезентативец и го убедил да се пресели во Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…