Манчестер Јунајтед е во потрага по лев бек.
Лук Шо дефинитивно ќе го напушти „Олд Трафорд“ на лето, а тренерот на „Црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо не смета ниту на Маркос Рохо и Матео Дармиан, а позицијата до левата аут линија најчесто ја покрива Ешли Јанг, кој не е примарен за таа позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„RMC Sport“ пишува дека Мурињо е подготвен да понуди 26 милион фунти за бекот на Наполи, Фаузи Гулам. Алжирецот има 27 години, пред Наполи играше за Сент Етјен, а поради повреда го пропушти поголемиот дел од оваа сезона..