Дома Македонски спорт Мак ракомет Мукаетов реизбран за претседател на РФМ: Со заеднички сили за подобра сегашност и иднина на ракометот

Мукаетов реизбран за претседател на РФМ: Со заеднички сили за подобра сегашност и иднина на ракометот

Живко Мукаетов ја доби довербата од 51 од вкупно 54 делегати на денешното годишно Собрание на РФМ, со што ќе остане претседател на оваа федерација во следните четири години.

За актуелниот прв човек на РФМ ова е трет мандат и доби едногласна поддршка од присутните делегати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Благодарам за довербата и се надевам дека ќе продолжиме по истиот пат за уште подобра сегашност и иднина на македонскиот ракомет. Ракометот е единствениот спорт во сала во кој се одиграа сите планирани натпревари во сениорски лиги. Сите клубови оваа сезона беа ослободени од трошоците со исклучок на таксата за странски играчи согласно визијата на Федерацијата да се форсираат домашните играчи. Можам да ветам дека со заеднички сили ќе работиме понатаму. Сакам со дисциплина, со ред, со проактивност, со давање идеи, да пробаме да направиме нешто поубаво за македонскиот ракомет“, истакна Мукаетов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…