Српскиот фудбалер Лазар Самарџиќ ќе има и трет обид да замине од Удинезе. Претходно беше блиску до Интер и Наполи, но на крајот најмногу поради неговиот татко тие трансфери пропаднаа.
Таткото на Самарџиќ во последен момент се обидуваше да извлече повеќе пари, а сега на ред дојде Милан кој сака да го доведе. Според последните информации преговорите веќе започнале.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првите разговори помеѓу Милан и агентот на Самарџиќ биле позитивни и во неделата која следи би требало да има нови.
Сепак, пред да го доведе Самарџиќ, Милан ќе мора да продаде и еден играч од средниот ред.