Дома Топ вести МУ ПРЕКИПЕ И НА АБРАМОВИЧ: Ќе ги продаде најголемите ѕвезди, од Челзи си заминуваат дури девет играчи!?

МУ ПРЕКИПЕ И НА АБРАМОВИЧ: Ќе ги продаде најголемите ѕвезди, од Челзи си заминуваат дури девет играчи!?

Извесно е дека италијанскиот тренер, Антонио Конте на крајот од сезоната ќе го напушти Челзи, а со него би можело да си заминат и девет фудбалери.

„Телеграф“ пишува дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович повеќе не може да го гледа срамот на лондонскиот клуб и дека одлучил да превземе поголема улога. Прво ќе му врачи отказ на Конте, кој минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата, а оваа е во борба само за ФА купот, па ќе се обиде да го доведе неговито сонародник, Масимилиано Алегри.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Пред напуштање на Челзи се најголемите клупски ѕвезди, Еден Азар и Тибо Куртоа кој долго време се поврзуваат со мадридскиот Реал. Белгиското дуо не планира да помине сезона во клубот кој следната сезона нема да игра во Лигата на Шампионите. Цеск Фабрегас, Педро, Гери Кејхил, Давид Луиз и Оливие Жиру, кој стигна пред два месеци исто така би требало да го напуштат Челзи.

Мичу Батшуи и Курт Зума, кои си заминаа на позајмица, најверојатно нема да се вратат во Челзи, тврди споменатиот медиум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…