Дома Фудбал Италија Мората: Не можам да дочекам да играм за Милан

Мората: Не можам да дочекам да играм за Милан

Алваро Мората денес ги мина лекарските прегледи и кариерата ќе ја продолжи во Милан.

Шпанецот потпиша 4-годишен договор со „росонерите“ и потврди дека разговорот со Ирахимовиќ бил пресуден.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Вистината е дека Италијанците отсекогаш се однесувале кон мене со голема почит и едвај чекам прво да одам на одмор во Италија а потоа повторно да играм таму. Дали ќе го носам дресот со број 9? Не знам мора да разговараме за тоа“.

„Не можам да дочекам. Морам да одам на одмор и да уживам, бидејќи тие секогаш ми помагале, но инаку уште утре би почнал да тренирам. Од разговорот со Ибрахимовиќ почуствував позитивни работи“, изјави Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно до Гарначо: Навистина си глупав📷

Манчестер Јунајтед го победи Саутемптон на гости со головите на Де Лихт, Рашфорд и Гарначо…