Дома Фудбал Агентот на Тонали: Тој нема преференции меѓу Арсенал и Јувентус

Агентот на Тонали: Тој нема преференции меѓу Арсенал и Јувентус

Aгентот на Сандро Тонали – Џузепе Ризо, појасни дека летово ќе има разговори меѓу играчот од средниот ред и неговиот клуб Њукасл во врска со неговата иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Исто така, тој увери дека за сега италијанскиот репрезентативец нема преференции меѓу Арсенал и Јувентус, со кои се поврзува во последните денови.

“За Њукасл е тешко да се разделат со Сандро, а тој сака да го однесе клубот до Лигата на шампионите. Овие трансфер разговори ќе се одржат подоцна. Ќе видиме како ќе заврши сезоната и ќе решиме што ќе правиме. Засега тој нема преференции, уште е рано. Она што го кажуваме денес, можеби утре нема да важи. Во Њукасл не сакаа да се разделат со него сега и не стануваше збор за негово заминување, бидејќи Сандро навистина е поврзан со клубот. Ќе видиме што ќе правиме на лето”, коментира Ризо за “Тутоспорт”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скалони реагира на обвинувањата дека Аргентинците биле фаворизирани од судиите

По пласманот во полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација повторно…