Алваро Мората ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид, па трансферот би требало да биде комплетиран во наредните денови.
„Јорганџиите“ и Челзи исто така се договорија за 6-месечна позајмица со право на откуп, па за комплетирање на трансферот се чека само Гонзало Игуаин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Игуаин во наредните денови треба да пристигне на „Стенфорд Бриџ“, исто така на позајмица, а се додека не се реализира тој трансфер Челзи нема да даде зелено светло за заминување на Мората.
26-годишниот Шпанец му се приклучи на Челзи за рекорди 60 милиони фунти во јули 2017 година, но не се снајде најдобро во Премиер лигата.
Ова е прилика да се врати во Примара, бидејќи Атлетико има потреба од напаѓач после повредата на Диего Коста.