Алваро Мората на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид, а неговата иднина е Премиер лигата, тврдат медиумите на Островот.
Имено, сопругата на Мората, Елис Кампело била во посета на Лондон за да бара живеалиште, односно куќа во која ќе живеат двајцата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како главен фаворит за неговиот потпис се споменува Челзи на Антонио Конте, кој е во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона бидејќи иднината на Диего Коста на „Стенфорд Бриџ“ е неизвесна.
Во секој случај, дури и да остане Коста, италијанскиот стратег сака да има двајца врвни напаѓачи и Мората е неговата најголема желба.
Мората оваа сезона има постигнато 13 гола на 31 натпревар за „кралевите“, но не е задоволен со својот статус во Мадрид и сака да ја промени средината.
Се претпоставува дека висината на трансферот ќе изнесува помеѓу 60 и 70 милиони евра.