Екипата на Рома ова лето силно сака во своите редови да го доведе фудбалерот на Лестер, Ријад Марез, но „лисиците“ никако да попуштат.
Но, новиот спортски директор на Рома, Мончи, нема намера да се откаже од услугите на одличниот Алжирец. Лестер за Марез бараат сума од околу 40 милиони евра, додека Рома испрати понуда од 23 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мончи во Марез гледа идеален наследник на Мохамед Салах кој ова лето премина во Ливерпул, сепак до овој момент Лестер ги одбиваше понудите на „волчицата“.
Покрај тоа Марез има желба да го напушти „Кинг Пауер“ ова лето, претходно се шпекулираше дека има голема желба да се пресели во Арсенал, но веројатно би бил задоволен и со трансфер во Италија.
Последните информации од Италија говорат дека овој пат понудата на Рома ќе биде блиску до онаа сума која што ја бараат од англискиот клуб. Во случај и оваа понуда да биде одбиена од страна Лестер, Мончи ќе вниманието ќе го сврти кон нови мети.