Спортскиот директор на Рома, Мончи беше видно разочаран од елиминацијата на Рома во полуфиналето на ЛШ.
Волчицата во реваншот го победи Ливерпул со 4:2, но не успеа да го надокнади минусот од првиот натпревар на Енфилд – 5:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мончи смета дека неговата екипа е оштетена за два недосудени пенали, како и дека во финалето на 26. мај во Киев доколку беше користена ВАР технологијата ќе играа Рома и Баерн.
„Се се’ менува. Примивме гол во првиот натпревар од офсајд, а вечерва не беа досудини два пенали, од кои еден беше и чист црвен картон.“ – изјави Мончи и додаде:
„Време е да го подигнеме својот глас, не само Рома, туку и Јувентус кој слично помина против Реал Мадрид. Италијанскиот фудбал мора да го подигне својот глас бидејќи ова што го видовме вечерва е шокантно.“