Дома Фудбал Монтела претставен: Севиља е идеален клуб за мене!

Монтела претставен: Севиља е идеален клуб за мене!

Италијанскиот стратег Винченцо Монтела денес беше и официјално претставен како нов кормилар на Севиља.

Екс тренерот на Милан изајави дека Севиља е идеален клуб за неговиот стил на игра и се надева на успеси.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Благодарам на Севиља за можноста која ми ја даде. Мојата прва цел е да го запознаам тимот. Гледав неколку натпревари во сезоната. Ми се допаѓа дека тимот поседува карактер и секогаш се стреми да наметне својот стил на игра“, изјави Монтела.

„Како фудбалер сум учествувал во многу дерби дуели и знам какво е чувството. Мило ми е што имам цела недела пред натпреварот со Бетис, за да го подготвам тимот. Енцо Мареска многу ми помага, за да се запознаам со ситуацијата. Ветувам што е можно побрзо да научам шпански за да комуницирам полесно со фудбалерите и сите останати. Севиља е идеален тим за остварување на моите идеи во фудбалот“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн спреми богата понуда за Леао

Ѕвездата на Милан Рафаел Леао побарал да биде продаден за време на летниот трансфер период…