Дома Фудбал Монтела доби опомена од раководството на Севиља

Монтела доби опомена од раководството на Севиља

Италијанскиот тренер Виченцо Монтела, според пишувањата на шпанските медиуми добил опомена од раководството на клубот, кои од него бараат подобри резултати.

Спортскиот директор на Севиља, Оскар Ариас му порачал на Монтела подобро да ја искористи екипата со која располага, посебно што тој и друштвото од управата својата работа ја завршија во летниот преоден рок кога ја засилија екипата со Банега, Кјаер, Навас…

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Севиља во саботата ја прокоцка победата против Барселона, против која пред самиот крај на натпреварот водеше со 2:0. Натпреварот заврши без победник и тоа беше причината да се налути раководството на Севиља.

Најголемиот успех на Монтела на клупата на Севиља е секако елиминацијата на Манчестер Јунајтед од осминафиналето во ЛШ и победата на Олд Трафорд со резултат 2:1, но очекувањата се дека мора да има подобри резултати и во лигата.

Севиља се наоѓа на шестото место на табелата и извесно е дека следната година нема да настапува во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот одобрил заминување: Чеитир клуба во битка за фудбалер на Ливерпул

По трансферите на Луис Диас и Дарвин Нуњез, Слот зелено светло даде за продажбата на уште …