Дома Фудбал Монтела: Во Барселона играат вонземјани!

Монтела: Во Барселона играат вонземјани!

Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, го призна поразот од Барселона во финалето на Купот и играчите на каталонскиот клуб ги нарече „вонземјани“.

„Во Барса се навикнати да играат вакви финалиња. Овој клуб во тимот има вонземјани, кои играат на премногу високо ниво. Се обидовме да реагираме по 0:1, но бевме премногу срамежливи во своето однесување на теренот. Натпреварот беше тотално доминиран од Барселона, жалам за нашите навивачи“, истакна Монтела, кој посебно се осврна на Иниеста.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Иниеста одигра натпревар на високо ниво. Човек би рекол дека има 25 години. Ќе биде многу тешко да се види уште еден играч како него наскоро“, заклучи Италијанецот
.
На крајот Монтела сезоната на Севиља ја оцени како позитивна и потврди дека ќе остане во Андалузија и следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на Малдини премина во Лацио, синот на Марсело потпиша за Реал

Од Италија пристигна вест дека Даниел Малдини, 24-годишниот син на еден од најдобрите одбр…