Дома Трансфер зона Монако во „тесно“, Лемар одби нов договор

Монако во „тесно“, Лемар одби нов договор

Ѕвездата на Монако, Томас Лемар одби да го продолжи договорот со клубот од „кнежевството“, пренесуваат француските медиуми.

Монако на Лемар му понуди нов договор, но фудбалерот одби да го потпише бидејќи не е задоволен од финансиските услови и сака да ја промени средината.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Лемар сака преселба во Премиер лигата, каде силен интерес за него покажуваат Арсенал и Ливерпул. Двата клуба во минатото имаа обид да го донесат Французинот, но Монако одоби понуда од 90 милиони евра.

На лето фудбалерот влегува во последната година од договорот, па јасно е дека Монако мора да го продаде, но проблем за клубот е сега што со тоа автоматски неговата цена ќе биде помала.

Лемар ќе го избере новиот клуб после Светското првенство, а француските медиуми откриваат дека Ливерпул е во пол позиција за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила не запира: Ново засилување е поранешниот фудбалер на Челзи

Рос Баркли кој минатата сезона го носеше дресот на Лутон е ново засилување за Астон Вила. …